ОДРЖАНА ЕВРОПАС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/europass-ohrid/IMG_8340.JPGПеток, 9 ноември 2018 година

Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше Европас конференција, која се одржа од 4 до 6 ноември 2018 година, во хотелот Метропол во Охрид, и која беше наменета за наставници од основните училишта од Градот Скопје.

На конференцијата, присуствуваа 52 наставници од основните училишта од Градот Скопје, кои имаа можност во текот на сесиите на конференцијата да се запознаат со работата на Европас центарот и со сите Европас документи.

Дел од конференцијата беше наменет за правилно пополнување на Европас документите, каде што учесниците, преку работилница на која изработуваа документи и пополнуваа прашалници, имаа можност да научат како се пополнуваат Европас кратката биографија, Европас јазичен пасош и Европас мобилност.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/europass-ohrid/IMG_8301.JPG

На крајот на конференцијата на сите учесници им беа поделени Сертификати и промотивни материјали од Националната агенција за европски образовни програми и мобилнoст.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/europass-ohrid/IMG_8436.JPG

 

Назад