Одржана инфо-средба во Тетово

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/DDzC_8952, 1.jpgПеток, 6 декември 2019 година

На 5 декември, во просториите на Универзитетот во Тетово, се одржа Инфо-средба за Еразмус+ програмата.

Во првиот дел, координаторот за Високо образование при Националата агенција за eвропски образовни програми и мобилност, г. Астрит Реџепи, ги презентираше можностите кои се нудат во склоп на програмата за студентите, а вториот дел од инфо-денот беше наменет за наставниот и административниот кадар на самиот Универзитет.

Исто така, на средбата се презентираа и централизираните и децентрализираните акции, со цел да се поттикне наставниот и административниот кадар поактивно да се вклучи и во делот со стратегиските партнерства.

Соработката помеѓу Универзитетот и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност секоја година се продлабочува и со заеднички сили може да успее кон интернационализација на високото образование и споделување на европските вредности.

Назад