ОДРЖАНА МОНИТОРИНГ ПОСЕТА НА ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА МЛАДИНСКА КАРТИЧКА

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_9475 mladinska kartichka.JPGПонеделник, 26 август 2019 година 

На 18 и 19 јули 2019 година, во просторите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржа мониторинг посета од претставници на Европската асоцијација за младинска картичка и координаторот на картичката за млади од Грција, г. Бабис Папаионоу. 

Составот на делегацијата ја предводеше директорот на Европската асоцијација за младинска картичка, г. Манел Санчес, кој заедно со својот оперативен тим ги разгледуваа стратегискиот и техничкиот пристап што се спроведува во периодот од кога Република Северна Македонија ги исполни критериумите да биде членка. 

На агендата во деновите за мониторингот се разгледуваа во детали спроведените национални активности и идните планови за дигитализација на картичката, развојот на националните политики и патот до Европа за младите како корисници на картичката. 

Освен стратегискиот пристап се разгледуваа и можностите кои Европската асоцијација за младинска картичка ги нуди како услуга до нејзините членови преку дигиталните платформи, апликација за електронско користење на картичката и други поволности, преку кои ќе се олесни пристапот и можностите за младите и компаниите од Македонија за Европа. 

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, во детали ги објасни сите преземени чекори во однос на институционалната соработка за остварување на целта, т.е. поврзување на младинската картичка со националните политики,  но и плановите за иднината во контекст на целосна дигитализација и интеграција на трендовите.

Во однос на техничката поддршка, претставниците од Агенцијата за млади и спорт го презентираа нивниот напредок, процесите кои ги имплементираат и импресивните бројки за издадени младински картички.

 

Резултатите кои произлегоа од средбата се разгледуваа како примери за добра пракса кои ќе најдат примена во работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Агенцијата за млади и спорт, со цел подобрување на квалитетот во работата во интерес на младите во Македонија.

Назад