Одржана обука за креатори на содржини во ЕПАЛЕ

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/contentprov1.jpgЧетврток, 10 октомври 2019 година

На 9 октомври 2019 година, во рамките на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка беше одржана една од циклусот обуки за креатори на содржини во ЕПАЛЕ.

Главните аспекти на оваа обука беа: презентирање на основните функционалности на ЕПАЛЕ, можностите за работа со различните алатки и начините на соработка.

Посебно внимание беше посветено на изработката на ЕПАЛЕ блог-постови, бидејќи од креаторите на содржини се очекува најголем придонес точно во овој сегмент на Платформата.

На крајот беа презентирани неколку практични примери на веќе објавени блогови кои треба да бидат како показател за идни објави.

Назад