ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ВИЗИОН“

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/vizion/IMG_9178.JPGВторник, 19 март 2019 година

На ден 21 февруари, во просториите на универзитетот „Визион“ во Гостивар се одржа работилница насочена кон пополнување на апликации, конкретни информации и советување на потенцијалните апликанти заинтересирани за Клучна акција 2, училишно образование.

За време на работилницата, беа разгледани апликациските формулари кои се однесуваат на аплицирање за размена на добри пракси, или, пак, поддршка на иновации – КА201, како и апликацискиот формулар кој се однесува на размени во училишно образование – КА229.

На присутните заинтересирани странки им беа доделени специјализирани водичи за училишно образование, со детални објаснувања и насоки кон оваа област.

За време на работилницата, беше отворена и интерактивна дискусија, каде присутните поставуваа прашања и дебатираа меѓусебно и со програмскиот работник Деспина С. Шандуловска во врска со специфичните буџетски ставки, како и правила и процедури на програмата Еразмус+.

Понатаму, беше извршена и кратка презентација за платформата е-Твининг од страна на Мила П. Анастасова, поради тесната поврзаност на платформата со училишното образование – како и новитетот во апликациите за 2019 од оваа област, каде се застапени конкретни прашања во врска со вклученоста на кадарот и училиштата во е-Твининг.

Кон крајот на работилницата, обраќање имаа и Александра Цветановска и Ирена Христовска од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ кои од практичен аспект ги споделија своите искуства со присутните во врска со проектните апликации и платформата е-Твининг.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/vizion/IMG_9180.JPG

Назад