ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ВО ОПШТИНА ШТИП

tl_files/docs/eplus/2019/photos/jan/shtip/stip2.jpgСреда, 23 јануари 2019 година

На 18 јануари во просториите на Општина Штип, претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска Петрески од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи, г-ѓа Марија Стефковска од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование и г-ѓа  Мила Протугер Анастасова од Одделението за еТвининг, одржаа работилница за Клучната акција 102, која е наменета за стручно образование, потоа за еТвининг платформата и за мрежите Европас и Еврогајденс.

На работилницата присуствуваа по неколку претставници  од средните стручни  училишта од Штип: ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, СОУ „Јане Сандански“, СОУ „Коле Нехтенин“, ДСУ „Искра“, СОУ „Димитар Мирасиев“, вкупно 30 наставници од истоимените училишта.

Во рамките на работилницата беа презентирани потребните документи и апликационен формулар за успешно аплицирање во акцијата КА102, при што беа објаснети чекор по чекор пополнувањето на апликацијата за КА102, потоа отворањето на ПИК број, објаснување каде се наоѓа Водичот за корисниците на веб-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Овој дел од работилницата беше мошне интерактивен и исполнет со многу прашања од страна на присутните, со оглед на тоа што меѓу нив имаше и присутни кои воопшто досега немале аплицирано за Еразмус + програмата.

Исто така, на работилницата присутните беа запознати со европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг при што им беше објаснето како да се логираат во еТвининг платформата, нејзината примена и за што служи таа.

Во продолжение беше објаснет и документот Европас мобилност, потоа Еврогајденс мрежата и им беше презентирано како треба да изгледаат и делуваат Центрите за кариера во нивните училишта, и што Еврогајденс мрежата има предвидено во својата тригодишна програма за Центрите за кариера.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/jan/shtip/stip3.jpg

Назад