Одржана работилница за ЕКАВЕТ

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/79349529_1389232844577984_406329710365114368_n, 1.jpgЧетврток, 12 декември 2019 година

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 12 декември, се одржа работилница за Европска рамка за Осигурување на квалитет во стручното образование и обука (ЕКАВЕТ), која беше одржана од експертки од Националната агенција на Бугарија.

На работилницата учествуваа претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование, Центарот за образование на возрасни, Центарот за стручно образование и обука, како и наставници од средни стручни училишта кои се корисници на Еразмус плус програмата. 

Целта на одржување на оваа работилница е согласно Годишната програма, а воедно и споделување на добри искуства и практики со Република Бугарија.

Назад