Одржана работилница за Леонардо да Винчи Мобилности

На ден 01.10.2012 година, во просториите на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност со почеток во 11:00 часот се одржа работилница на која гостуваше Г-ѓа Матеја Обрез Вербич од Целје, Словенија.

Целта на работилницата и на гостувањето на корисник од Република Словенија беше да им се пренесат на корисниците кои имаат добиено грант од Република Македонија искуствата, начините и обврските кои следуваат при имплементирањето на проекти од Секторската програма Леонардо да Винчи, акција Мобилности.

За време на одржувањето на работилницата, корисниците од Република Македонија имаа можност да ги постават сите свои нејасни прашања, а воедно и да ги проследат презентациите подготвени од страна на корисничката од Словенија, Г-ѓа Матеја Обрез Вербич.

Агенда од настанот на овој линк.

Фотографии од настанот на овој линк.

Назад