Одржана работилница за потпрограмите Комениус и Грундвиг

На ден 16.04.2013 во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа работилница за потпрограмите Комениус и Грундвиг кои се составен дел на програмата Доживотно учење. Работилницата ја водеа Никола Јаулески одговорен за потпрограмата Комениус и Љупка Ќуркчиева одговрна за потпрограмата Грундвиг.

Главниот фокус на работилницата беше ставен на: начинот на пребарување на информации на веб страната на Националната агенција, посочување на важни документи на веб страната, објаснување на Повикот за предлог проекти, објаснување како се пополнува апликација и како се поднесува, процесот на одлучување, како и фазите од проектниот циклус.

Назад