ОДРЖАНА СРЕДБА СО ВОЛОНТЕРИ „ПРАШАЈ ЈА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА“

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_9495.JPGПонеделник, 26 август 2019 година 

На 25 јуни 2019 година, од 12.00 до 16.30 часот, во просториите на Националната агенција, беше одржана средба со волонтери: „Прашај ја Националната агенција“.

На средбата беа присутни 18 волонтери од: Италија, Германија, Франција, Турција, Финска и Естонија, кои се наоѓаат на тековни волонтерски проекти во Македонија.  Волонтерските проекти се финансиски поддржани преку програмата Еразмус+.

Волонтерите беа запознати со работата на Националната агенција и имаа можност непосредно да  добијат одговор на прашања за правата и обврските на волонтерите во проектите, улогата на организациите кои ги испраќаат и организациите кои се домаќини во Македонија. Исто така се разговараше за улогата на менторите и за процесот на добивање виза.

Настанот го водеше и на прашањата на волонтерите одговараше Снежана Симоновска, раководител на Сектор за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади.

Директорката на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, ги поздрави присутните при што посебно ја истакна нивната решителност да бидат волонтери, можноста на неформален начин да стекнат нови вештини и знаење, кое не може да се добие во формалното образование.

Волонтерите добија пакет промотивни материјали од Националната агенција, со кои во моментот располага.          

Назад