Одржани две презентации за Европас и Еврогајденс

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/79777157_924286231305395_8787717187440738304_n 1.jpgЧетврток, 5 декември 2019 година

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Наскоскa, на 5 декември одржа две презентации за европските образовни мрежи Eвропас и Eврогајденс, едната во ООУ Љубен Лапе-Скопје, пред наставничкиот кадар и другата пред ученици од 4 година од СУГС Орце Николов-Скопје.

Пред наставничкиот кадар беше објаснето Европас портфолиото, какви сè документи содржи и како да се направи.

Исто така, беше презентирана и Еврогајденс мрежата,потоа какви сè можности и бенефити може да се искористат преку Еразмус плус програмата и преку европските образовни мрежи, со кои раководи Националната агенција за европските образовни програми и мобилност.

На презентацијата пред учениците беа објаснети Европас документите, а посебно внимание се обрна на Европас кратка биографија.

На учениците, исто така, им беа напоменати можностите што ги нуди за млади лица Еврогајденс мрежата.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/78660013_1044883752515600_5958607115575623680_n1.jpg

Назад