ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА ВО ДОЈРАН И ГЕВГЕЛИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/dojran/46178201_1087654331402505_4746142018328068096_n.jpgПеток, 16 ноември 2018 година

На 13 ноември 2018 година беше одржан инфо ден во Дојран и Гевгелија на кои беа присутни претставници од основни и средни училишта, градинките и претставници од општините. На инфо денот беа презентирани можностите кои ги нуди  програмата Еразмус+ и  европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг од страна на вработените од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност: г. Дејан Златковски, раководител на одделение, ИКТ и европски образовни мрежи, г. Астрит Реџепи, помлад соработник во Сектор за стратегиски партнерства - високо образование и образование за возрасни и г-ѓа Мартина Најдоски, самостоен референт за администрирање на индивидуални мобилности од областа на училишното образование.

Воведна презентација за Еразмус+ програмата имаше г-ѓа Мартина Најдоски од Сектор за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади која им ги пренесе следните информации на присутните:

  • Што претставува Еразмус плус програмата и кои се нејзините цели;
  • Кој може да аплицира и кои земји може да земат учество;
  • Клучните акции со кои раководи Националната агенција;
  • Подетални информации за клучна акција 1-101 мобилност на наставен кадар во училишно образование

Господин Астрит Реџепи презентираше за Клучна акција 2 - Стратегиски партнерства и ги запозна присутните со следните можности :

  • Подетални информации за клучната акција каде што присутните може да аплицираат во кои влегува финансиската поддршка, наоѓањето на партнерства, целите и слично;
  • Роковите за аплицирање;
  • Проектен циклус и корисни линкови.

Господин Дејан Златковски на присутните учесници им ги објасни европските образовни  мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг и какви сè бенефиции и можности можат да искористат од истите.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/dojran/IMG_8521.JPG

Исто така, им беше објаснето како да се регистрираат на мрежната страница од Европската комисија School education gateway која ќе им помогне полесно да најдат партнери или курс провајдери.

Учесниците на инфо денот, исто така, беа информирани  за TAC настаните, на коишто Националната агенција им нуди можност за подобро да се запознаат со Еразмус+ програмата, да разменат искуства со колеги од Европа и да најдат партнери за своите проекти.

Учесниците беа охрабрени да аплицираат и да ги искористат можностите и финансиската поддршка што ги нуди програмата.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/dojran/IMG_8523.JPG

Назад