ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕВРОПАС И ЕВРОГАЈДЕНС МРЕЖИТЕ

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_20200206_1106111.jpgВторник, 11 февруари 2020 година

На 6 февруари, претставничка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одржа презентации за европските образовни мрежи Европас и Евогајденс во СОУ Гостивар.

На презентациите присуствуваа над 200 ученици, кои беа поделени во три групи и кои беа запознати со европските образовни мрежи.

Учениците, исто така, беа запознати како сами да ги изработуваат Европас документите и им беше спомната новата Европас платформа.

При крајот на презентациите, претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, зборуваше за можностите за млади лица што се нудат преку Еразмус+ програмата и европските образовни мрежи, со кои раководи Националната агенција.

На учесниците им беше објаснето како да аплицираат за европска младинска картичка и какви можности таа нуди.

Презентацијата заврши со конструктивна дискусија од страна на учениците, при што имаше многу прашања и предлози.

На истиот датум се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Евогајденс на Универзитетот Визион, во Гостивар.

На презентациите учествуваа професори и административниот кадар од универзитетот, кои беа запознати со Европас и Еврогајденс мрежата, при што посебно внимание се обрна на кариерното советување за студентите.

Кај професорите, презентациите придонесоа да се развие дискусија, при што следуваа многу прашања во врска со темата на настанот.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_20200206_1307262.jpg

Назад