ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/Kavadarci1.jpgВторник, 11 февруари 2020 година

Претставничката на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска, на 7 февруари одржа Презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во СОУ Киро Спанџов Брко– Кавадарци, на кои присуствуваа наставници и вработени во стручната служба на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци.

На презентациите посебен акцент се даде на Европас мобилност документот и кариерното советување на учениците.

Воедно беа запознати со можностите за Центрите за кариера и какви бенефиции нуди Еврогајденс мрежата, со која раководи Националната агенција.

Презентациите предизвикаа голема заинтересираност и плодна дискусија.

Претставничката на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, истиот ден одржа презентации и во ЈОУДГ Детска градинка Рада Поцева, во клон Изворче, во Кавадарци, на кои присуствуваа воспитувачки и негувателки од сите клонови. 

На учесниците им беа објаснети европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс и какви сè можности можат да се искористат преку Еразмус+ програмата и европските образовни мрежи со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а што се наменети за вработените во градинките.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/Kavadarci2.jpg

Назад