ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО СТРУМИЦА И НЕГОТИНО

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/strneg/46283520_180478312893282_3305992935123714048_n.jpgПеток, 16 ноември 2018 година

Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Aна Михајлов, од Одделение за управување со човечки ресурси,  г. Александар Богојевски од Одделение за мобилности во високото образование, обука и млади и г. Дејан Златковски од Одделение за ИКТ и европски образовни мрежи, на 14 ноември, одржаа презентација на програмата Еразмус+ и на мрежите Европас, Евридика, Еврогајденс и еТвининг пред присутните граѓани во Струмица и Неготино. 

На презентациите присуствуваа претставници на градинки, основни и средни училишта, здруженија на граѓани и претставници од општините. 

Учесниците на настаните беа запознаени со можностите кои ги нуди програмата Еразмус+ во делот на образованието, обуката, младите и спортот. Во фокусот на презентациите, исто така, беа платформите на ЕК Erasmus+ Project Results и School Education Gateway, при што практично беше демонстрирано како заинтересираните може да најдат информации за грантирани и реализирани проекти, и за понудата на структурирани обуки во реномирани центри за обука низ Европа.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/strneg/IMG_8544.JPG

Учесниците беа поканети да го следат порталот и профилите на Националната агенција на социјалните мрежи, со цел навреме да се информираат за претстојниот циклус на работилници за пополнување Еразмус+ апликации што се планира за јануари 2019 година.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/strneg/IMG_8547.JPG

Назад