ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС + (ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ), STUDY IN EUROPE, ИКТ ПРАКТИКИ, ЕВРОПАС, ЕВРОГАЈДЕНС И ЕВРИДИКА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/mt/51172570_400357840730195_5814391631423471616_n.jpgПонеделник, 18 февруари 2019 година

На 12 февруари се одржаа презентации за Еразмус + Програмата (за високо образование), Study in Europe, ИКТ Практики, Европас, Еврогајденс и Евридика на Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје.

На инфо денот присуствуваа студенти, наставен кадар, декани и стручна служба.

На присутните, претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г-ѓа Анабела Насковска-Петрески им ја објаснија Еразмус + програмата и европските образовни мрежи, и какви сè можности и поволности нудат тие.

По завршување со презентациите следуваше дебата од страна на присутните учесници кои имаа неколку прашања за Еразмус+ програмата и за европските образовни мрежи и истите им беа одговорени од страна на претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/mt/52585220_953358214867460_3530361098953818112_n.jpg

Назад