Одржани презентации за Европас и Еврогајденс

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/74614756_1036569470022548_4013980060070445056_n, ADzUC.jpgСреда, 4 декември 2019 година

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Наскоска на 3 и 4 декември одржа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во СУГС Браќа Миладиновци и АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје.

На презентациите присуствуваа ученици од СУГС Браќа Миладиновци и АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје на кои им беа објаснети Европас документите, при што се обрна внимание на Европас кратката биографија и Европас мобилност и како да ги изработуваат, а воедно беа напоменати и другите Европас документи.

 Исто така, на учениците им беа презентирани какви сè можности и бенефити можат да искористат преку Центарот за кариера и Еврогајденс мрежата, со која раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Исто така, во Центарот за кариера за кариерно насочување и советување се одржа и информативна средба на учениците со претставник од СУГС Браќа Миладиновци, кој работи на кариерното насочување на учениците.

Притоа во информативниот разговор беа напоменати методите и техниките со кои тој работи со учениците во СУГС Браќа Миладиновци.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/78504993_652491101949661_3187796122332561408_n, BM.jpg

 

Назад