Одржани презентации за европските образовни мрежи

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/72123280_411276283116075_6398080293995020288_n.jpgПонеделник, 21 октомри 2019 година

На 18 октомври се одржаа презентации за европските образовни мрежи Eвропас, Еврогајденс и Етвининг во СУГС Михајло Пупин.

На презентациите присуствуваа наставници и стручни соработници од училиштето.

Присутните беа запознаени со Европас документите, кога и како се креираат тие и за што се користат.

Исто така, на учесниците на презентацијата им беа презентирани и мрежите Еврогајденс и Етвининг при што им беше покажано како да креираат Етвининг профил и како да ја користат мрежата за креирање на проекти и нивна дообука.

Назад