Одржани работилници за Леонардо да Винчи

    Во рамките на потпрограмата Леонардо да Винчи, во месец ЈАНУАРИ се одржаа работилници во просториите на Националната Агенција кои имаа за цел да ги информираат корисниците за начинот на пополнувањето на апликациите, како и да се обезбедат одговори на нејасните прашања во врска со пополнувањето на апликациите. 
За времетраењето на една работилница, корисниците имаа можност да добијат прирачници, да добијат детални информации за крајните рокови, како и да се осигураат кои документи е потребно да се поднесат заедно со апликацијата. Воедно,  корисниците имаа можност и да потврдат дали ја користат правилната форма на апликацијата.

Датуми на кои се реализираа работилниците:

11, 12, 13, 14 јануари 2010 г. – РАБОТИЛНИЦИ ЗА МОБИЛНОСТ

20, 21, 22 јануари 2010 г.  – РАБОТИЛНИЦИ ЗА МОБИЛНОСТ

15 јануари  2010 г. – РАБОТИЛНИЦИ ЗА ПАРТНЕРСТВА

На работилниците беа вклучени 40 институции.

Назад