Одржано тестирање на новата Европас платформа

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/70830490_2431889520386440_7714771543003234304_n.jpgСреда 25 септември 2019 година

Претставничката на Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска Петрески, на 25 септември, одржа тестирање на новата Европас платформа во АСУЦ Боро Петрушевски Скопје.

Тестирањето се одржа на 20 ученици од 3 и 4 година, од училиштето, при што на сите ученици им беше покажано како да направат профил во новата Европас платформа.

Исто така, на учениците им беа дадени соодветни насоки како да се претстават пред идните работодавачи и како да ја користат, во иднина, оваа платформа.

Назад