Отворен ден на Институтот ДАНТЕ АЛИГИЕРИ и Националната агенција

Отворен ден: 29.05.2017 (понеделник)  11-13 ч.

Канцеларија на Секретаријатот за европски прашања

Плоштад Македонија (спроти Тренд)

 

Институтот Данте Алигиери во Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност имаат чест да ве поканат на зеднички Отворен ден.

На настанот ќе имате можност да се запознаете со активностите на Институтот:
- јазични курсеви по италијански јазик

- испити за добивање на сертификатот PLIDA за познавање на италијанскиот јазик

- активности за промоција на италијанскиот јазик и култура (Кино клуб, Недела на италијанскиот јазик, Клуб на читатели)

На настанот ќе се запознаете и со можностите на програмата за  мобилност Еразмус+, која оваа година одбележува 30 години од своето постоење.

Настанот е организиран во соработка со Амбасадата на Република Италија
во Македонија, со Секретаријатот за европски прашања и со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

tl_files/docs/eplus/2017/images/screen_pokana-da.png

Назад