Отворен ден за ЕВС во Националната агенција

    На 5 Декември 2011 година (понеделник) од 10.00-14.00 ч. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира Отворен ден по повод Европскиот  ден на волонтерство.   

    Воведно обраќање до присутните ќе имаат г-дин Дарко Димитров, В.Д. Директор на Националната Агенција и г-дин Спиро Ристовски, Министер за труд и социјална политика и г-ѓа Снежана Манчева,  Координатор на програмата “Млади во акција“ и Раководител на Сектор младински активности.    

    Посетителите на овој настан ќе имаат можност да присуствуваат на презентации за ЕВС, да остварат директна средба со вработените и да добијат одговори на прашања поврзани со Акција 2 Европски волонтерски сервис (ЕВС) - кој може да ја користи, кои трошоци се обезбедени за ЕВС волонтер, во кои земји може да се биде ЕВС волонтер, што е ЕВС акредитација и многу други информации. Истовремено посетителите ќе имаат можност да остварат директен контакт со претставници на организации кои активно имплементираат ЕВС проекти и да го слушнат искуството на волонтери од различни земји од Европа кои во моментот се наоѓаат на својот ЕВС проект во Македонија.

    Целта на овој настан е подигнување на свеста на младите за можностите за волонтирање и за бенефициите кои се отворени за младите од Македонија преку Акција 2 Европски волонтерски сервис во рамките на програмата „Млади во акција“. 

    Се покануваат сите заинтересирани лица /организации кои имаат интерес да присуствуваат на  настанот најдоцна до 3 декември 2011 г.  (до 12.00) да ги достават следните податоци на e-mail:  snezana.manceva@na.org.mk 

Агенда од настанот

Име презиме:

Име на организација / НВО:

Контакт телефон:

Е-mail:

Сите пријавени лица кои ќе бидат селектирани ќе бидат известени по e-mail и тел. на 4 декември 2011 г.  до 15.00 ч 

Контакт лице: 

Снежана Манчева – Координатор за програма “Млади во акција“  и Раководител на Сектор младински активности   

Тел: 02/ 3103 -736   

Mоб: 075/ 402-806    

E-mail:Snezana.manceva@na.org.mk

 

 

 

Назад