ПОСЕТА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/bg/IMG_9091.JPGПонеделник, 28 јануари 2019 година

На 25 јануари бугарскиот амбасадор во Република Македонија, г. Ангел Ангелов, на негово барање, ги посети новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и се сретна со директорката, г-ѓа Лидија Димова.

На средбата двете страни се согласија дека треба да се продлабочи соработката меѓу македонската и бугарската Национална агенција.

Бугарскиот амбасадор, г. Ангел Ангелов, ја запозна директорката Димова за намената на бугарската билатерална помош за Република Македонија, која е ставена во функција на евроинтеграциите на Македонија за следните целни групи:

  1. Државната администрација со фокус на зголемување на капацитетот на искористеноста на ЕУ фондовите;
  2. Градење на капацитетите на државните секретари на министерствата и на другите институции, кои се битни во интеграцијата на ЕУ;
  3. Јакнење на капацитетите и соработката на дипломатските академии од двете страни.

 

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/bg/IMG_9093.JPG

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/bg/IMG_9100.JPG

Назад