Посета на Еразмус+ канцеларијата во Тирана

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_20191217_100452_11.jpgСабота, 21 декември 2019 година

На покана на Еразмус+ канцеларијата од Република Албанија, од 15 до 17 декември, директорката на Националната агенција, г-ѓа Лидија Димова и раководителот на високо образование, г. Александар Богојевски, присуствуваа на работни состаноци во канцеларијата за Е+ во Тирана, Албанија, каде притоа одржаа презентација за трендовите во високото образование во Република Северна Македонија согласно проргамата Еразмус+. 

На состаноците, кои се одржаа во канцеларијата за Еразмус+ во Тирана, Албанија, се дискутираше за продлабочување на соработката помеѓу високообразовните институции од двете држави согласно можностите кои ги нуди програмата Еразмус+. 

Во седиштето на Европската делегација, во Тирана, претставникот од Националната агенција, г. Александар Богојевски, ги претстави, пред присутните, (членови на Европската делегација, ректори, декани, професори, еразмус координатори и студенти), трендовите во високото образование во Македонија. 

Тој, притоа, ги образложи бенефитите што ги нуди програмата во насока на полноправно учество во истата, а воедно даде акцент и на проектот Студирај во Европа, како и на соработката на Националната агенција со студентските организации.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG-820a3fbb46f50cbaa696ec275e7d333e-V1.jpg

 

 

 

Назад