ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ ВО БУДИМПЕШТА

Вторник, 11 декември 2018 година

Колекеска Маја, раководител на Одделение за буџетска контрола и Стефковска Марија, од Одделение за мобилности од областа на стручно и училишно образование, на 6 декември реализираа посета на NOVETAL (Национална канцеларија за стручно образование и обука и образование за возрасни), во Будимпешта, Унгарија.

За време на посетата, нашите вработени имаа можност да се запознаат со активностите на оваа Национална канцеларија, со посебен фокус на Еврогајденс центарот, кој што функционира во рамките на националната канцеларија.

Во тој контекст презентирани беа позитивните искуства од учеството на Унгарија во мрежата REFERNET, која со поддршка на CEDEFOP (Европски центар за развој на стручно образование), овозможува размена на знаење, собира информации и ги следи случувањата во националните политики и системи за стручно образование и обука.

Исто така пренесени беа искуствата од проектот „Ноќта на професионалците”, кој веќе станува традиција со своето повеќегодишно реализирање во Унгарија и беше презентирана улогата на ВЕТ центрите во Унгарија во стручното образование, но и нивната улога во кариерното водство.

Воедно беа пренесени искуствата од прекуграничната соработка со повеќе Еврогајденс центри во регионот, како резултат на што се реализираат повеќе заеднички семинари, при што секој од нив се организира на различна тема актуелна и поврзана со кариерниот развој.

За време на посетата беа разменети заеднички искуства, добри практики и споделени идеи за понатамошна соработка.   

Назад