Потпишан стратегиски договор за соработка

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_9530.JPGЧетврток, 26 септември 2019 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и директорот на Португалската национална агенција за Еразмус+ и YiA, г. Луиш Алвеш, денеска, во просториите на Националната агенција потпишаа стратегиски договор за соработка меѓу Португалската национална агенција за Еразмус+ и YiA и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Договорот опфаќа повеќе области за плодна соработка меќу двете агенции: младите, спортот, Европскиот солидарен корпус.

Во областа на млади, програмата Еразмус+ има за цел да го поддржи создавањето на можности за мобилност на млади и на младински работници кои промовираат младински размени и се дел од акциите на волонтерскиот сервис, креирајќи мрежи за споделување на резултати; создаваат стратегиски партнерства во секторот на млади со силно влијание врз младинската работа и врз реформата на младинските политики.

Во областа на спортот, Еразмус+ се стреми да поддржи проекти поврзани со локалниот спорт, со посебни мерки насочени кон прекуграничните закани на интегритетот на спортот како што се допингот, местење резултати и насилство, како и сите други видови на нетолеранција и дискриминација. 

Европскиот солидарен корпус се стреми да ги промовира вредности на солидарност, главно преку волонтирање и поттикнува учество на младите и на организациите во солидарните активности (пристапни и висококвалитетни) како придонес кон зајакнувањето на кохезијата, солидарноста, демократијата и граѓанството во Европа.

Назад