Повик за аплицирање за учество на првата ЕТС конференција

ПРВА ЕТС КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕМИНАР / КОНФЕРЕНЦИЈА, 26-28 МАРТ 2018 | МАЈНЦ, ГЕРМАНИЈА

Првата ЕТС конференција ќе се фокусира на споделување, истражување и дискутирање на идеи и стратегии за подобро градење на капацитетите и развој на квалитетот во рамките на младинската работа преку зголемено образование и обука на младинските работници.

 Истата можеби се однесува на вас доколку ги исполнувате следниве услови:

- сте вклучени во образование и обука на млади работници,

- сте заинтересирани да придонесете за понатамошен развој на квалитетна младинска работа,

- сте заинтересирани за стратегии за образование и обука и дискутирање за нив во европско-меѓународно опкружување,

- можеби ќе имате добар пример за пракса да ја споделите која е поврзана со образованието и обуката на младинските работници.

 

Конференцијата ќе биде можност да им овозможи на учесниците во образованието и обуката да придонесат за развој на квалитетна младинска работа. Таа ќе се фокусира на системи и можности за младинските работници со истражување на теми поврзани со Европската стратегија за обука (ЕТС), која обезбедува ресурси за подобри стратешки пристапи.

Освен просторот за истражување и размена на практики и искуства, преку конференцијата ќе  се посвети посебно внимание на процесите базирани на политики, како што се заклучоците на Советот за придонесот на квалитетна младинска работа за развојот, благосостојбата и социјалната вклученост на младите (2013). Заклучоците се многу важна основа за развој на квалитетна младинска работа, исто така од аспект на образование и обука на младинските работници. Во контекст на Конференцијата, заклучоците исто така ќе бидат земени во предвид за да се истражат врските со другите иницијативи и процеси.

ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИ И ПРИСТАП

Конференцијата ќе ги собере приближно 120 учесници од различен контекст на младинска работа, како што се практики, истражувања, креирање политики, кои доаѓаат од повеќе европски и соседни земји-партнери. Конференцијата ќе биде интерактивен и динамичен простор, кој ќе вклучува, меѓу другите елементи, виртуелна поддршка не само за да се подготви, туку и за време на настанот за размена и комуникација во рамките на групата и со "надворешниот свет".

ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИ:

  • Младински работници или лица кои работат во полето на стручно образование и обука (училишта, фирми, центри за образование, невладини организации, комори итн...);
  • Активно поврзани со младинска организација или организација која работи во полето на стручно образование;
  • Мотивирани и способни да се вклучите во политиките за млади и образование на Европско ниво; 
  • Познавање на англиски јазик за комуникација.

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Настанот ќе се одржи од 26 до 28МАРТ 2018 воМајнц, Германија.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 07 февруари 2018 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/the-quality-bonus-the-first-ets-conference.7066/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 3 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на организација која работи на полето на млади или во полето на стручно образование и обука.

 

 

 

Назад