Повик за доставување на апликации за учество на ТСА настан во Висеу, Португалија

Повик за доставување на апликации за учество на ТСА настан во Висеу, Португалија

Тема на обуката: Партнерства во Еразмус+: воспоставување, управување и зајакнување на меѓу-секторски партнерства во областа на младите

Тренинг курс:  23-28 фебруари, Висеу, Португалија

Овој тренинг има за цел  поттикнување на иновативни практики и соработка помеѓу организациите кои се активни во полето на млади и граѓанските организации кои се активни во различни социо-економски сектори.

Имајќи во предвид дека еден од клучните елементи на Еразмус+ Програмата е воспоставувањето на партнерства помеќу национални и меѓунаордни младински организации, НВО, асоцијации, училишта, претприајтија и други, и тоа дека Програмата има специфична Клучна Акција која се однесува за проекти за конзорциуми, вмрежување на различни нивоа како и вклучувањето на различни актери од нашите општества, каде што нависта е потребно да се се работи на градење на капацитетите на организациите за воспоставување, управување, зајакнување и квалитетна поддршка и одржливи партнерства.

 

Главните цели на овој тренинг курс се следниве:

- Да се размислува за значење, потенцијал и вредност на партнерства за да се постигнат целите на Програмата Еразмус+

- Подобрување на способноста на младински организации да работат во соработка и во меѓународни и мулти-секторски партнерства, преку развој на компетенции на нејзиното формирање, управување, зајакнување и поддршка

- Подобрување на квалитетот и одржливоста на партнерства во проектите од Програмата Еразмус +

- Одговорање на улогите и одговорностите на различните актери вклучени во мулти-секторски партнерства

- Да се одговори на предизвиците кои се поврзани со работата развиена во партнерствата.

- Обезбедување на ажурирани нови информации за Еразмус +: Програмата Млади во Акција

 

Профил на учесниците

  • Тренингот е отворен за младински работници, тренери, младински лидери, проектни менаџери, преставници на организации кои работат со Еразмус+ програмата;

  • Пријавените потребно е да имаат солидно познавање на англискиот јазик;

  • Да имаат искуство со работа во полето на неформалното образовние.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е 15 јануари 2017 година на следниов линк:

 

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/partnerships-in-erasmus-establishing-managing-and-strengthening-cross-sectorial-partnerships-in-the-youth-field.6200/

Селектираните учесници ќе бидат информирани најдоцна до 20 јануари 2017 година

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од  домаќинот/координаторот;

  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 1 (едно) лице да земе учество на овој меѓународен тренинг. Лицето треба да биде претставник од невладина организација која работи на полето на неформално образование во Македонија и учествува во програмата Еразмус+.

 

Назад