Повик за контакт семинар во Љубљана, Словенија

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-ljubljana.jpgTheme: “Key to inclusion” - International seminar on cross-sectorial cooperation in the field of inclusion

Целта на тренингот:

- Да се даде можност за презентирање на крос секторски примери на добри практики во кои се вклучени младите на локално и меѓународно ниво,

- Да се истражат факторите за креирање на успешни проекти како на локално, така и на меѓународно ниво со акцент на соработка помеѓу секторите,

- Да се даде можност за поставување на прашања од областа на социјалната инклузија како и теми кои ги засегаат останатите учесници,

Да се размислува за програмата Еразмус+: како алатка за вклучување на младите луѓе, но и како поттик за учесниците да ги искористат можностите кои ги нуди КА2- стратешките партнерства за понатамошен развој на нивните практики на меѓународно ниво,

 - Да се даде можност за размена на искуства и да се слушнат одлични примери на добри практики кои ќе бидат инспирација за останатите учесници на семинарот.

Контакт семинарот ќе се реализира во Љубљана, Словенија од 19 до 22 април 2017.

Таргет група:

  • Таргет група за контакт семинарот се наставници од средни стручни училишта, и професори од високообразовните установи во Република Македонија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 3 места за учесници од областа на стручно образование и обука и високото образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 06.03.2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја апликацијата достапна на овој линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Словенија“.

 

Назад