Повик за поднесување апликации за учество на контакт семинар во Загреб, Р.Хрватска, организиран од Националната агенција во Хрватска, Словенија и Македонија

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-zagreb.jpgТема на контакт семинарот„Подобрување на видливоста на образованието за возрасни (Making adult education more visible)“

Цел:

- Да се даде можност за наоѓање на европски партнери со слични интереси и да се развијат идеи за нови проекти во Клучна акција 1 во делот на образование на возрасни,

- Да се овозможи поврзување на институциите од областа на  образование на возрасни од различни земји кои вклучуваат и луѓе со помали можности и тоа луѓе со:

  • Потешкотии во учењето: рано напуштање на училиштето , нискоквалификувани возрасни,
  • Економски пречки: луѓе со низок животен стандард, ниски приходи, приматели на социјална помош, луѓе во долгови или со финансисики проблеми,
  • Културни разлики: емигранти, бегалци, луѓе кои припаѓаат на национално или етничко малцинство со јазични потешкотии и потешкотии при адаптација и социјализација.
  • Социјални пречки

Контакт семинарот ќе се реализира во Загреб, Р.Хрватска од 31 мај до 2 јуни 2017.

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се наставници/вработени во:

* институции кои нудат образование на возрасни,

* библиотеки,

*здруженија кои работат со емигранти или со било која друга група на луѓе наведени погоре во повикот.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 5 места за учесници од областа на образование на возрасни

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Трошоци за контакт семинарот кои изнесуваат 30 евра и се плаќа од Ваша страна на самиот организатор (Националната агенција од Хрватска);

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до  23.03.2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Хрватска“

 

Назад