ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ 2020

13-11-2019 11:49

(Соопштенија)

АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ 2020 — EAC/A02/2019

Програмата Еразмус+

(2019/C 373/06)

1.    Вовед и цели

Овој повик за предлог-проект произлегува од Регулативата (ЕУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и на Советот од 11 декември 2013 година за воспоставување на „Еразмус+“: програмата на Унијата за образование, обука, млади и спорт (1)  како и од Годишните работни програми за 2019 и 2020 година на Еразмус+. Програмата Еразмус+ го опфаќа периодот од 2014 до 2020 година. Општите и конкретните цели на програмата Еразмус+ се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.

2.    Акции

Овој повик за предлог-проекти ги опфаќа следниве акции од програмата Еразмус+:

Клучна акција 1 (КА1) - Мобилност заради учење на поединци

—    Мобилност на поединци во областа на образованието, обуката и младите

—    Заеднички пост-дипломски студии на Еразмус Мундус

Клучна акција 2 (КА2) - Соработка заради иновации и размена на добри практики

—    Стратегиски партнерства од областа на образованието, обуката и младите

—    Европски универзитети

—    Сојузи на знаење

—    Сојузи на секторски вештини

—    Градење капацитети во областа на виското образование

—    Градење капацитети во областа на младите

Клучна акција 3 (КА3) - Поддршка за реформа на политики

—    Проекти за дијалог на млади

Жан Моне активности

—    Жан Моне претседавачи

—    Жан Моне модули

—    Жан Моне центри на извонредност

—    Жан Моне поддршка за здруженија

—    Жан Моне мрежи

—    Жан Моне проекти


Спорт

—    Колаборативни партнерства

—    Мали колаборативни партнерства

—    Непрофитни европски спортски настани

3.    Право на учество

Кое било јавно или приватно тело активно во областа на образованието, обуката, младите и спортот може да аплицира за средства во рамките на програмата Еразмус+. Исто така, група на млади кои се активни во областа на младинската работа, но незадолжително во контекст на младинска организација, може да аплицира за средства за мобилност заради учење на младите и на младинските работници како и за стратегиски партнерства од областа на младите.

Следниве програмски држави може целосно да учествуваат во акциите на програмата Еразмус+ (2):

—   Државите-членки на Европската Унија,

—   Државите од ЕФТА/ЕЕО: Исланд, Лихтенштајн и Норвешка,

—   Државните-кандидатки за ЕУ: Турција, Северна Македонија и Србија.

Исто така, некои програмски акции на Еразмус+ се отворени за организации од партнерските држави. Повеќе информации за модалитетите на учество има во програмскиот прирачник на Еразмус+.

За британски апликанти:  Водете сметка дека критериумите за учество мора да се почитуваат во целото времетраење на грантот. Ако Обединетото Кралство излезе од ЕУ за време на периодот на траење на грантот без склучување на договор со ЕУ со кој се гарантира дека британските апликанти се уште имаат право на учество, ќе престанете да добивате ЕУ-средства  (а онаму каде што е мопжно ќе продолжат да учествуваат) или од вас ќе се бара да го напуштите проектот врз основа на релевантните одредби за раскинување на Договорот за грант.

4.    Буџет и времетраење на проектите

Спроведувањето на овој повик за предлог-проекти е предмет на расположливоста на буџетската ставка наведена во нацрт-буџетот за 2020 по донесувањето на буџетот за 2020 година од страна на буџетската власт или ако буџетот не се донесе како што е предвидено со системот на времени дванаесетинки.

Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог-проекти е проценет на EUR 3 207,4 милиони:

 

Образование и обука:

EUR

2 943,3 милиони (1)

Млади:

EUR

191,9 милиони

Жан Моне:

EUR

14,6 милиони

Спорт:

EUR

57,6 милиони

(1) Овој износ ги вклучува средствата за интернационалната дименизија на високото образование  (вкупно EUR 395 милиони).

Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог-проекти како и неговата поделба е индикативен и може да биде модифициран со помош на амандман на Годишните работни програми на Еразмус+.  Се повикуваат потенцијалните апликанти редовно да ги консултираат Годишните работни програми на Еразмус+ како и нивните амандмани објавени на:

https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/documents/annual-work-programmes_en во однос на расположливиот буџет за секоја акција опфатена со повикот.

Нивото на доделените грантови како и времетраењето на проектите варира во зависност од факторите како што се видот на проект и бројот на вклучени партнери.

(2) Жан Моне активностите се отворени за организации од целиот свет.

5.    Рок за доставување на апликации

 

Мобилност на поединци во областа на младите

5 февруари 2020 година до 12.00

Мобилност на поединци во областа на високото образование

5 февруари 2020 година до 12.00

Мобилност на поединци во областа на ССО, училишното образование и во образованието за возрасни

5 февруари 2020 година до 12.00

Мобилност на поединци во областа на младите

30 април 2020 година до 12.00

Мобилност на поединци во областа на младите

1 октомври 2020 година до 12.00

Заеднички пост-дипломски студии на Еразмус Мундус

13 февруари 2020 година до 17.00

 

Сите рокови за доставување апликации наведени подолу се според бриселско време. Клучна акција 1

Kлучна акција 2

 

Стратегиски партнерства во областа млади

5 февруари 2020 година до 12.00

Стратегиски партнерства во областа на образованието и обуката

24 март 2020 година до 12.00

Стратегиски партнерства во областа млади

30 април 2020 година до 12.00

Стратегиски партнерства во областа млади

1 октомври 2020 година до 12.00

Европски универзитети

26 февруари 2020 година до 17.00

Сојузи на знаење

26 февруари 2020 година до 17.00

Сојузи на секторски вештини

26 февруари 2020 година до 17.00

Градење капацитети во областа на виското образование

5 февруари 2020 година до 17.00

Градење капацитети во областа на младите

5 февруари 2020 година до 17.00

Клучна акција 3

 

Проекти за дијалог на млади

5 февруари 2020 година до 12.00

30 април 2020 година до 12.00

1 октомври 2020 година до 12.00

 

Жан Моне акции

 

Претседавачи, модули, центри на извонредност, поддршка на здруженија, мрежи, проекти

20 февруари 2020 година до 17.00

Спортски акции

Колаборативни партнерства

2 април 2020 година до 17.00

Мали колаборативни партнерства

2 април 2020 година до 17.00

Непрофитни европски спортски настани

2 април 2020 година до 17.00

Видете го програмскиот прирачник на Еразмус+ за детални упатства за доставување апликации.

6.    Детални информации

Деталните услови на овој повик за предлог-проекти, вклучувајќи ги приоритетите може да се најдат во програмскиот прирачник на Еразмус+ на следнава интернет адреса:

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/programme-guide

Програмскиот прирачник на Еразмус+ е составен дел на овој повик за предлог-проекти и условите за учество и финансирање содржани во него целосно се применуваат на овој повик.

Назад