ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ – EAC/A03/2017: ЕРАЗМУС+ 2018

27-10-2017 14:11

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ 2018 EAC/A05/2017

Програма Еразмус +

(2017/C 361/04)

1.   Вовед и цели

Овој повик за предлог проекти се базира врз основа на Регулатива (EУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и Советот воспоставувајќи ја програмата ‘Еразмус+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт како и на 2017 и 2018 Еразмус+ Годишната работна програма. Програмата Еразмус +  го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.

2.   Акции

Овој повик за предлог проекти ги опфаќа следните акции на Програмата Еразмус +:

Клучна акција 1 (КА1) – Мобилност за учење на индивидуи

-          Мобилност на индивидуи во областа на образование, обука и млади

-          Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи 

Клучна акција 2 (КА2) – Соработка за иновација и размена на добри практики

-          Стратешки партнерства во областа на образование, обука и млади

-          Алијанси на знаења

-          Алијанси на секторски вештини

-          Градење на капацитети во областа на високото образование

-          Градење на капацитети во областа на младите

Клучна акција 3 (КА3) – Поддршка за реформи на политиките

-          Структурен дијалог: Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите

Жан Моне активности

-          Жан Моне катедри

-          Жан Моне модули

-          Жан Моне центри на извонредност

-          Жан Моне поддршка за здруженија

-          Жан Моне мрежи

-          Жан Моне проекти

Спорт

-          Партнерства за соработка

-          Мали партнерства за соработка

-          Непрофитни Европски спортски настани

3.   Подобност

Секоја јавна или приватна институција активна во полето на образование, обука, млади и спорт може да аплицира за да биде финансирана во рамките на програмата Еразмус +. Понатаму, групи од млади лица кои се активни во полето на младинска работа, но не е неопходно да се во контекст на младински организации, можат да аплицираат за финансирање на мобилност на млади и младински работници, како и за стратешки партнерства во областа на млади.

Следните програмски земји можат целосно да учествуваат во сите акции на Програмата Еразмус+([1]):

-          28 земји членки на Европска унија,

-          ЕФТА/ЕЕА земји: Исланд, Лихтенштајн и Норвешка,

-          Земји кандидатки за членство во ЕУ: Турција и Македонија

Покрај тоа, одредени акции од програмата Еразмус+ се отворени за организации од партнерски земји.

Ве молиме погледнете го програмскиот водич Еразмус+ за дополнителни детали во врска со учеството во програмата.

Во однос на апликантите од Обединетото Кралство: Ве молиме имајте во предвид дека критериумите за подобност мора да бидат исполнети за целото времетраење на грантот. Доколку, Обединетото Кралство се повлече од ЕУ за времетраењето на грантот без да склучи договор со ЕУ во насока на обезбедување на апликантите од  Обединетото Кралство да продолжат да бидат подобни, ќе престанете да добивате финансирање од ЕУ (додека, каде што е можно, да продолжите со учество) или ќе биде потребно да го напуштите проектот.

4.   Буџет и траење на проектите

Имплементацијата на овој повик е подложен на следниве услови:

-          Достапност на средствата предвидени во нацрт-буџетот за 2018 година по донесувањето на буџетот за 2018 година од страна на буџетските власти или доколку буџетот не се усвои како што е предвидено во системот на привремени дванаесеттини.

-          Усвојувањето од Европскиот законодавен орган на повеќегодишните индикативни програми (ПИП) 2018-2020 без значајни модификации.

Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог проекти се проценува на 2 490,9 милиони евра:

 

Образование и обука

:

2 253,2 милиони евра[2]

Млади

:

188,2 милиони евра

Жан Моне

:

12,1 милиони евра

Спорт

:

37,4 милиони евра

 

Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог проекти како и нејзината поделба е индикативна и може да биде изменета врз основа на амандман на Еразмус+ Годишната работна програма. Потенцијалните апликанти/корисници се советуваат редовно да го проверат Еразмус+ Годишната работна програма и нејзините амандмани, објавени во:

http://ec.europa.eu/dgs/education_culture/more_info/awp/index_en.htm

во однос на расположливиот буџет за секоја акција опфатена со овој повик.

Нивото на доделени грантови како и времетраењето на проектите зависат од фактори како што се видот на проектот и бројот на партнери кои се вклучени.

5.   Краен рок за доставување на апликации

Сите крајни рокови за доставување на апликации се специфизирани на пред и до 12.00 часот (напладне), Бриселско време.

Клучна Акција  1

Мобилност на индивидуи во областа на младите

1 Февруари 2018

Мобилност на индивидуи во областа на високо образование

1 Февруари 2018

Мобилност на индивидуи во областите на стручно образование и обука,

училишно образование и образование на возрасни

1 Февруари 2018

Мобилност на индивидуи во областа на младите

26 Април 2018

Мобилност на индивидуи во областа на младите

4 Октомври 2018

Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи 

15 Февруари 2018

Клучна Акција  2

Стратешки партнерства во областа на млади                                                                                      

1 Февруари 2018

Стратешки партнерства во областа на образование и обука

21 Март 2018

Стратешки партнерства во областа на млади

26 Април 2018

Стратешки партнерства во областа на млади

4 Октомври 2018

Алијанси на знаења

28 Февруари 2018

Алијанси на секторски вештини

28 Февруари 2018

Градење на капацитети во областа на високото образование

8 Февруари 2018

Градење на капацитети во областа на младите

8 Март 2018

 

Клучна Акција 3

Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите

1 Февруари 2018

26 Април 2018

4 Октомври 2018

Акција Жан Моне

Катедри, модули, центри за извонредност, поддршка на институции и здруженија, мрежи, проекти

22 Февруари 2018

Акција Спорт

Партнерства за соработка

5 Април 2018

Мали партнерства за соработка

5 Април 2018

Непрофитни Европски спортски настани

5 Април 2018

Ве молиме погледнете го Еразмус + програмскиот водич за понатамошните детални инструкции за поднесување на апликации.

7.   Сумарни детали

Целосни услови за повикот за предлог проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во водичот за Еразмус + програмата на следниов интернет портал:

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/programme-guide

 

Еразмус + програмскиот водич содржи интегрален дел од овој повик за предлог проекти, како и услови за учество и финансирање кои целосно се применуваат во овој повик.

 

 



[1] Освен за Жан Моне акциите кои се отворени за институции од целиот свет

[2] Оваа сума ги вклучува фондовите за Меѓународна димензија за Високото образование (328 милиони евра вкупно).

Назад