Повик за пријавување на учесници за “Годишен настан за акредитирани организации за волонтерски активности од програмата Еразмус+“

(29-30 ноември 2018 година)

Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност организира редовен “Годишен  настан за акредитирани организации од програмата Еразмус+ Волонтерски активности“ кој ќе се одржи од 29-30 ноември 2018 .

Целта на Годишниот настан е:

  • Градење на мрежа на развој на соработка помеѓу акредитирани организации (активни и неактивни)
  • Размена на искуства, идеи и добри практики
  • Десиминација на успешно реализирани волонтерски проекти.
  • Идентификација на проблеми со кои се соочуваат акредитираните организации (активни и неактивни)
  • Презентирање на можностите за аплицирање во 2019 година од страна на НА.   

Волонтерството со своите основни вредности и карактеристики ќе биде главна тема на настанот, но како активност каде секоја инволвирана страна има свои обврски, треба да исполни одредени задачи и да се почитуват основните правила на програмата.   Во контекст на ова  учесниците  и претставниците од НА  ќе може да дискутираат за многу прашања со волонтерските активности и проекти,  ќе се идентификуваат  тешкотиите со кои се соочуваат акредитираните организации за волонтерски активности, како и причините за неактивноста на некои акредитирани организации.  

За сите селектирани учесници трошоците за хотелско сместување, храна , кафе паузи и работни материјали ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.   

Се повикуваат сите заинтересирани организации кои имаат валидна Акредитација за волонтерски активности од програмата Еразмус+  (активни и неактивни) да се пријават  :

Профил на учесници: лица кои практично и активно се инволвирани и директно работат на имплементација на волонтерски проекти со волонтери. 

Поради ограничен број на учесници Ве информираме дека на 26 ноември 2018 сите селектирани лица ќе бидат известени по телефон и  е-маил.    

Назад