Повик за пријавување на учесници за „Годишен настан за волонтери“ 7- 9 декември 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националните агенции на Словенија, Бугарија, Турција и САЛТО Ресурсниот центар за ЈИЕ, организира регионален „Годишен настан за волонтери“, кој ќе се одржи од 7-9 декември 2018 во Скопје.

Регионалниот годишен настан за волонтери се организира за сите поранешни волонтери (долгорочни и краткорочни), кои, во периодот од декември 2017 до декември 2018, имаа учествувано во волонтерски активности преку Еразмус+ програмата. 

Учесниците ќе имаат можност во динамична и креативна атмосфера да ги споделат своите волонтерски искуства. Со користење на неформални методи на учење, ќе добијат информации и  алатки како најдобро да го искористат волонтерското искуство во иднина, во личниот и во професионалниот живот. Исто така, тие ќе имаат можност да направат регионално вмрежување и остварување на нови контакти.  Главен фокус за време на настанот ќе бидат реалните потреби на поранешните волонтери по завршување на волонтирањето.       

Главни теми на настанот се:

  • Кариерно советување;
  • Проектен менаџмент;
  • Социјално претприемништво;
  • Развој на меѓународна соработка и почеток на нови иницијативи;
  • Како да се промовира волонтерство.

На овој настан се повикуваат да учествуваат/да се пријават:

-       Сите волонтери кои ја завршиле својата ЕВС активност во периодот од декември 2017 - декември 2018.   

Се повикуваат сите заинтересирани учесници:

Поради ограничен број на учесници Ве информираме дека на  28 ноември 2018 сите селектирани лица ќе бидат известени по телефон и е-маил.    

 

Назад