ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА БУГАРИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/sofia/image002.jpgВторник, 2 октомври 2018 година

Претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска, г-ѓа Драгица Ивановска и г-ѓа Сандра Митевска од Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади, г-ѓа Мартина Најдоски од Сектор за индивидуални мобилности од областа на образованието, обука и млади, г. Алек Гочев, проектен асистент и г. Симеон Милковски од Секторот за финансиски прашања, во периодот од 20 до 21 септември 2018 година, престојуваа во работна посета на Националната агенција на Бугарија – Центар за развој на човечките ресурси, во Софија.

Во рамките на посетата, вработените имаа можност да се запознаат со практиките за работа на колегите во Бугарија и да разменат искуства потребни за подобрување на процесите при спроведувањето на Еразмус+ програмата. Имено, за време на работната посета, лицата од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност имаа прилика да присуствуваат на специјализирана обука за корисници од Клучна акција 2 – каде се дискутираа актуелни прашања по однос на спроведувањето на активностите за одобрените проекти од Повикот 2018 година, како и договорни правила и обврски, буџетски категории, примарни проверки и успешни приказни презентирани од страна на корисници кои веќе имаат финализирани проекти.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/sofia/image003.jpg

Назад