Превод на извештајот за учење јазици во училиштата низ Европа и на македонски

Извештајот Клучни податоци за учењето јазици во училиштата во Европа е објавен и на македонски јазик. Оваа студија дава предлед на учењето јазици во училиштата низ Европа. Во Европа има преку 60 службени јазици што е последица на културолошкиот диверзитет на нашиот континент. Во извештајот се опишани главните образовни политики што се однесуваат на наставата и учењето јазици во 42 образовни системи.

Овој извештај одговара на некои важни прашања поврзани со оваа тема, како на пример: колку време поминуваат учениците учејки странски јазици, кои се десетте најчесто учени странски јазици, дали наставниците по странски јазици одат на обука во други држави, колкав е број на мигрантски ученици што го зборуваат наставниот јазик во својот дом, и други.

Иако главниот фокус на извештајот е на странските јазици, извештајот дава информации и за наставните планови и програми на јазиците на малцинствата, регионалните и класичните јазици. Понатаму, извештајот ја анализира и јазичната поддршка што се дава но

Извештајот на македонски јазик е јавно достапен на страницата на мрежата Евридика. Освен на македонски, извештајот е преведен на уште 11 други европски јазици.

Назад