Презентација на ЕРАЗМУС на УКЛО - Битола

На ден 19 декември 2011 година (понеделник), Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржи презентација на програмата „Еразмус“ на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, од 11.00 до 12.30 ч. На настанот ќе се обрати висок претставник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола, в.д. Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров, додека детална презентација на програмата и можностите кои таа ги нуди ќе направи кординаторот за програмата „Доживотно учење“ м-р Јован Попоски. 

Агенда: 

ЕРАЗМУС - 19.12.2011
Универзитет Св. Климент Охридски - Битола
Факулетет за јавна администрација

 10:45 - 11:00  Регистрација на учесниците
 11:00 - 11:15 Отворање на настанот 
Обраќање на висок претставник на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола
 11:15 - 11:30 Обраќање на в.д. Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилностг-дин Дарко Димитров
 11:30-11:50 Претставување на Програмата “Еразмус” 
м-р Јован Попоски - Раководител на сектор Општо образование, Координатор за програмата „Доживотно учење"
 11:50-12:10 Искуство од Еразмус програмата 
Представник од Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола
 12:10-12:30  Прашања и дискусија со присутните на настанот

 Слики од настанот можете да видите на следниот линк.

Назад