Презентација на Леонардо да Винчи во АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје, 21 декември 2011

Почитувани,

На ден 21 декември 2011 година (среда), Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржи презентација на програмата „Леонардо да Винчи“ во АСУЦ  „Боро Петрушевски“  - Скопје, од 11.00 до 12.30 ч. На настанот ќе се обрати Директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“ г-ѓа Соња Ристовска, в.д. Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров, додека детална презентација на програмата и можностите кои таа ги нуди ќе направи Раководител на сектор - Стручно образование и обука, м-р Лулеса Илјази. 

Леонардо да Винчи - 21.12.2011
АСУЦ  „Боро Петрушевски“, Скопје

 10:45-11:00  Регистрација на учесниците
 11:00-11:10  Отворање на настанот  - Директор на АСУЦ  „Боро Петрушевски“, г-ѓа Соња Ристовска
 11:10-11:30  Обраќање на в.д. Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-дин Дарко Димитров
 11:30-12:00  Презентација за Секторска програма Леонардо да Винчи-  Раководител на Сектор Стручно образование и обука, м-р Лулеса Илјази
 12:00-12:15  Успешна приказна од проект реализиран со помош на Леонардо да Винчи, г-ѓа Мимоза Гичева
 12:15-12:30  Прашања и дискусија со присутните на настанот

Фотографии од настанот можете да видите на следниот линк.

Назад