Презентација на секторската програма Грундтвиг

Почитувани,

    На ден 23 декември 2011 година (петок), Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржи презентација на програмата „ Грундвиг“ на Универзитет 3-то доба при Филозофскиот факултет - Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, од 17.00 до 18.30 ч. На настанот ќе се обрати в.д. Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров, додека детална презентација на програмата и можностите кои таа ги нуди ќе направи раководителот на одделение Грундвиг, г-ѓа Љупка Бакарџиева. 

Агенда:  

Грундвиг - 23.12.2011
Универзитет 3-то доба Скопје
Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
 17:00-17:10  Отварање на настанот
 17:10-17:25 Обраќање на в.д. Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
г-дин Дарко Димитров
 17:25-17:40 2012 година- Година на активно стареење и меѓугенерациска солидарност, цели, приоритети, очекувања
Г-ѓа Љупка Бакарџиева
Раководител на одделение Грундвиг
 17:40-18:10 Претставување на секторската програма Грундвиг
Г-ѓа Љупка Бакарџиева
Г-дин Александар Богојевски
 18:10- 18:20  Искуства од секторската програма Грундвиг
 18:20- 18:30  Прашања и дискусија со присутните на настанот

Слики од настанот можете да видите на следниот линк.

Назад