Презентации за Еразмус+ програмата и европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг во ПОУ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/POUZDz/7885949938486476800_n.jpgЧетврток, 5 јули 2018 година

На 3 јули, претставничките на Агенцијата за европски програми и мобилност  Анабела Наскоски Петрески од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи, Мила Протугер Анастасова од Одделението за еТвининг и м-р Деспина Србиновска Шандуловска од Одделението за стратешки партнерства од областа на стручно и училишно образование, одржаа презентации за Еразмус + програмата и за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг во ПОУ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје.

На презентациите присуствуваа директорката, наставниците и стручната служба од ПОУ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје.

Целта на одржување на овој вид презентации е запознавање со новитетите и можностите кои се нудат преку Еразмус+ програмата и европските образовни мрежи.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/POUZDz/8311242307420553216_n.jpg

Исто така на присутните им беа презентирани и можностите што се нудат за наставници и стручна служба од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/POUZDz/5066931433449193472_n.jpg

Назад