ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА И ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ ВО КИЧЕВО

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/kicevo/IMG_9241.JPGСреда, 27 февруари 2019 година

На 26 февруари, претставнички од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржаа презентации за Еразмус + програмата и европските образовни мрежи.

Презентациите се одржаа во ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ - Кичево - Општина Кичево, на кои присуствуваа 63. учесници (наставници, стручна служба, директори, преставници од следниве институции од општина Кичево: ОСУ „Дрита“, ОСУ „Мирко Милески“, ОУ „Милто Гура“, ОУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“, ОУ „Фаик Коница“, ОУ „Наим Фрашери“, ОУ „Реџo Рушит Зајази“, ОУ „Санде Штерjоски“, ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“, ОУ „Кузман Јосифоски - Питу“, ОУ „Христо Узунов“, ЈОУДГ „Олга Мицеска“, и претставници на Општина Кичево.         

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Мартина Најдоски, г-ѓа Марија Стефковска и г-ѓа Маја Колекеска ја презентираа Еразмус+ програмата и тоа Клучните акции 1 и 2, како да се пополни апликација, каде да се најдат документите како што се Водич за Еразмус+ програмата, апликациски формулари, како да се отвори ПИК број и слично.

По овие презентации г-ѓа Анабела Насковска-Петрески ги презентираше европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс, Евридика и еТвининг.

По завршување на презентациите следуваа и прашања при што се поведе и дискусија, во која на учесниците им беа одговорени сите прашања.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/kicevo/IMG_9247.JPG

Назад