Презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/76747352_2473002776130542_5751893371866054656_n1.jpgЧетврток, 28 ноември 2019 година

На 27 ноември се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во ООУ Ацо Шопов во Радишани.

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска, која воедно е вработена во Европас центарот при Националната агенција, ги презентираше европските образовни мрежи пред одделенските и предметни наставници од ООУ Ацо Шопов.

На презентациите беа презентирани мрежите Европас и Еврогајденс, потоа документите на Европас и беше образложено каде и како се користат тие.

Исто така, на присутните им беа објаснети и образложени и други можности и бенефити кои можат да ги искористат преку другите образовни мрежи, со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и за Еразмус+ програмата.

По презентациите следуваше дискусија при што присутните учесници имаа и дополнителни прашања на кои добија одговори и објаснувања.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/77279154_505267496729229_2755494426900955136_n 2.jpg

Назад