ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ ВО ГОСТИВАР И КУМАНОВО

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/kumgost/IMG_8112.JPGЧетврток, 1 ноември 2018 година

Согласно програмата на Националната агенција за реализација на инфо денови за програмата Еразмус+, претставници од Националната агенција, г. Гоце Величковски, раководител на Сектор за координација и реализација на европските програми и мрежи, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска, од Одделението за стратешки партнерства од областа на стручно и училишно образование, г.

Александар Богојевски, од Одделението за мобилности во високото образование, обука и млади и г. Јовица Митевски, од Одделението за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог,на 30 октомври учествуваа со презентации, на информативни настани во Гостивар и Куманово.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/kumgost/IMG_8121.JPG

На настаните во Гостивар и во Куманово беше презентирана програмата Еразмус+ (централизирани и децентрализирани акции од истоимената програма), и какви сè можности нуди и кои се придобивките за училиштата, универзитетите, локалната самоуправа, студентите и учениците.

Исто така беа презентирани и мрежите Еврогајденс, Европас, Јутвики, Евридика и Е-твининг, со кои менаџира и раководи Националната агенција.

На информативните настани присуствуваа претставници од општините, основните и средните училишта, универзитетите, потоа здруженија на граѓани и компании.  

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/kumgost/IMG_8128.JPG

 

Назад