ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЕВРОПАС И ЕВРОГАЈДЕНС

Петок, 14 декември 2018 година

Преставничката од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески, денеска одржа Презентации за Европас и Еврогајденс во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, кои беа наменети за учениците од трета година.

На учениците им беа објаснети европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс, со посебен фокус на Европас кратката биографија и Европас јазичниот пасош.

Презентацијата заврши интерактивно со многу интересни прашања, пришто најмногу се провејуваа можностите за млади лица кои се достапни преку Еразмус+ програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Назад