ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/83551881_2779773405423539_3073054228478951424_n.jpgЧетврток, 30 јануари 2020 година

На 28 јануари се одржа презентација за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во ООУ Гоце Делчев - Илинден, на која присуствуваа 35 наставнички и стручната служба од ООУ Гоце Делчев - Илинден.

На учесниците, кои беа присутни на презентацијата, им беа објаснети какви сè можности и документи нудат овие две мрежи.

Исто така, на присутните им беа напоменати и другите европски мрежи, со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми, и какви сè можности и бенефити можат да се искористат преку Еразмус+ програмата за нив, како наставници, и за основните училишта, по што следуваше плодна дискусија.

 

Назад