Пријавување за Европската недела за стручно образование и обука 2019

tl_files/docs/eplus/2019/images/VET-WEEK.PNG

Регистрацијата сега е отворена!

Постојат повеќе начини преку кои можете да учествувате на Европската недела за стручно образование и обука 2019 (https://ec.europa.eu/social/vocational-skills-week/) и да бидете дел од заедницата. Тоа вклучува:

• Водење свој настан или активност, или

• Ширење на информација за Европската недела за стручно образование и обука 2019. 

За да го регистрирате вашиот настан или активност, посетете ја страната за регистрација(https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/register-your-VocationalSkillsWeek2019). Откако ќе се одобри вашата регистрација, ќе бидете видливи на веб страната на Европската Комисија.

Ова е одлична можност да ја зголемите видливоста на вашиот настан или активност и вашата работа.

Ќе добиете потврда преку е-пошта кога вашиот настан или активност ќе бидат внесени на нашата интерактивна мапа. Исто така, ќе добиете инструкции за користење на средства за комуникација кои ќе ви помогнат во промовирањето на Неделата за стручно образование и обука. 

Проверете ги минатогодишните моменти од националните,регионалните и локалните активности и настани на следниот линк: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/register-your-VocationalSkillsWeek2019, Бидете дел од искуството и регистрирајте се денес (https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/register-your-VocationalSkillsWeek2019)! 

Придружете се на разговорот на социјалните медиуми со користење на #DiscoverYourTalent или #EUVocationalSkills.

Назад