Пријавување за учество на Работилница за ЕВС Акредитација, Еразмус + КА1 - Европски волонтерски сервис ЕВС - април 2017

tl_files/docs/eplus/images/2017/logo-30years.pngНационалната агенција за европски образовни програми ќе организира еднодневна работилница за ЕВС Акредитација во текот на месец Април 2017 во своите простории. 

 За таа цел се повикуваат сите здружанија на граѓани, јавни установи и заинтересирани  во Република Македонија:

- кои имаат интерес да ги користат можностите на Европски волонтерски сервис – ЕВС, КА1;

- кои сакаат да аплицираат за добивање на ЕВС Акредитација;

- кои имаат потреба од обновување на ЕВС Акредитација (доколку претходно добиената ЕВС Акредитација е со изминат рок на важност или е добиена во рамките на  претходната “Млади во акција“  Програма);

- кои имаат потреба да ги обучат свои членови/ментори за ЕВС/ и други лица кои во  организациите активно работат со волонтери;

Сите заинтересирани  најдоцна до 1 Април (сабота) 2017 година да достават информации со пополнување на табелата со податоци која може да се најде на следниот линк.

Назад