Пријавување за учество на работилници за ЕРАЗМУС+ KA2 под-акциите

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира серија на работилници за акциите КА201, КА202, KA203,  КА204, КА219 кои ќе се одржат пред крајните рокови за доставување на апликации, респективно за секоја КА2 под-акција. На работилниците презентерите на НА ќе го објаснат процесот на аплицирање и ќе одговорат на поставените прашања од учесниците на работилниците.
Место на одржување: НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ, Порта Буњаковец А2-1 Скопје. Период на одржување: 22-24 февруари (среда – петок) како и 27-28 февруари (понеделник и вторник) 2017г.
За точниот термин за одржување на работилницата ќе бидете известени по електронска пошта во зависност од изборот на полето за кое сте аплицирале. Молиме пополнете го онлајн формуларов најдоцна до 19 февруари 2017г. (недела).

Линк за пристап до онлајн формуларот

Назад