Присуство на свечена церемонија по повод почеток на академската година

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG-abcf97462bc108d2255438e77cc24b2a-V.jpgВторник, 24 септември 2019 година

Претставници од Националната агенција присуствуваа на свечената церемонија, по повод почеток на академската година, која се одржа на 23 септември, во хотел Александар Палас - Скопје, на покана од ректорот, проф. д-р Марјан Бојаџиев, од Американ колеџ - Скопје.               

На свечената церемонија свои говори одржаа ректорот од Универзитетот Американ колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев, претставникот од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, г. Ерик Елиот, претставникот од Националната агенција, м-р Александар Богојевски и алумни студентот од Американ колеџ – Скопје, Иван Зографски.               

На церемонијата присуствуваа претставници од Американ колеџ - Скопје, амбасадата на САД во Скопје, претставници од Националната агенција, професорскиот кадар при Американ колеџ и студенти. 

Пред присутните, м-р Александар Богојевски ги претстави можностите што ги нуди програмата Еразмус+ во делот на високото образование (индивидуални мобилности - програмски и партнерски држави, Проектот Студирај во Европа и делот од партнерствата во високото образование), потоа долгогодишната соработка помеѓу НА и Американ колеџ – Скопје,  како и важноста од меѓународната димензија во високото образование.

 

Назад