ПРОЕКТ „СИТЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ“

Четврток, 24 јануари 2019

ПРОЕКТ „СИТЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ“

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, денеска присуствуваше на првичната конференција за да се означи почетокот на тригодишниот проект „Сите за истражување и развој“.

Станува збор за проект за градење капацитети добиен од Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика во Брисел.

Тое е партнерски проект меѓу Градежен факултет при УКИМ, кој е и носител на проектот и градежните факултетите од Ерменија, Босна и Херцеговина, Германија, Финска и Австрија. Исто така, Градежен институт Македонија е партнер.

Во своето обраќање директорката Димова истакна дека ова е многу значаен проект затоа што Македонија за првпат се јавува како носител на проектот и им укажа на учесниците кои ќе бидат новините на Еразмус во новата финансиска рамка 2021/2027.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/jan/gradezen/IMG_9081.JPG

tl_files/docs/eplus/2019/photos/jan/gradezen/IMG_9083.JPG

Назад